ТОТАЛНО ОПУШТАЊЕ (Извадок од МАК РОК ЕНЦИКЛОПЕДИЈА на Тошо Филиповски)
Групата Тотално Опуштање е формирана есента 1993 година, како дуо, Марјан Китановски-Мац, гитара и вокал и Жарко Аврамовски на бас. Првата песна која ќе ја создадат, Ја Сакам Стрипизетата Во Барот јасно ќе ги даде идните назнаки на интерес на овој типично рокенрол состав, sex & alcohol & rockenroll. По само неколку проби како дуо, кон групата се придружуваат Ристо Јанковски-Љак (ех Black Dog) на тапани и Максим Стиров на гитара. Некаде во истиот период Жарко ќе одлучи да ја напушта групата па на негово место ќе дојде Никола Николов–Младиот. Името Тотално Опуштање е креција на Мац и тоа означува природно однесување на умот и телото во состојба на агонија при првиот сексуален однос. На почетоците, неговата замисла за групата е да свири рок музика и притоа да се збогати како Rolling Stones. Својот прв официјален настап го имаат на почетокот на 1994, во кафе бар “Коко” во Скопје, а потоа низ годините ќе имаат 100ина концерти низ клубови и фестивали делејќи ја бината со голем број на бендови од својата генерација, Рок Агресори, Д’Далтонс, New Police State… Првото поголемо признание и пошироко медиумско внимание ќе го добијат со победата (од страна на публиката) на традиционалниот “ Поп Рок Фест ‘96”. На финалниот концерт, басистот Никола во состојба на транс, ќе ја запали бас гитарата, при што публикатаќе влезе во делириум и ќе започне да се качува на бината, но со брза интервенција на обезбедувањето од МКЦ, се е ставено под контрола. Како награда за учеството на финалната вечер, групата ја снима песната- манифест, Тотално Опуштање. Истата е дел и од компилациската касета од фестивалот и тоа е првото појавување на некаков носач на звук за Тотално Опуштање. Истата година групата настапува на фестивалот (Рок Маратон Под Отворено Небо) кој Дом На Млади-Штип ќе го организира на отворено, на локалитетот наречен “9ти Километар”, 01-02.05.1996. Летото групата ќе започне со снимањето на својот прв албум, Демоибецил, во студиото на “Cyber Space” во продукција на Владимир Каевски (B.O.R.G.), но самото издавање на тие материјали ќе почека одреден период па заедно со материјалите од вториот албум Секс, Мода И Останатото (снимен во Дом на Млади-Штип, во 1997), ќе бидат објавени на една касета со 19 песни и под едно име, Демоибецил. Касетата, ќе ја издадат Дом на Млади-Штип во 1998. На песната Луд Возач гостин на бас гитара е Ристо Колозов–Киклоп (ех Жолтица На Бродот Баунти), кој таа 1998 година и самиот накратко ќе биде дел од бендот. Кога тој ќе си замине, крајот на 1998 година, нов бас гитарист на Тотално Опуштање ќе биде Владимир Стојчевски (ех Бобмашки Процес). Полни 7 години групата интензивно ќе настапува насекаде низ Македонија и веројатно не постои место во државата каде тие не засвиреле. Еден од оние позначајните појавувања на бина е секако на Fusion фестивалот во Отешево (17-19.07.2003). Паралелно со настапите Мац интензивно ќе пишува нови песни но студиски ќе се реактивираат дури во март 2005. Тогаш, во студиото “Бла Бла Бла” на Идриз Амети (Blla Blla Blla…) групата ќе го сними албумот со 14 рок класици, ...И Ние Сме За Народ И Забав!, продуциран од страна на Дејан Еврушоски (ех Кипарис) а објавен за сопствената “Опуштање Рекордс”, во наредната 2006 година. Промовирајќи го материјалот од новиот албум, на 17.06.2006 ќе настапат на сцена и во малку невообичаениот амбиент за нив, во античкиот локалитет Хераклеа. Во 2009 година (20.03.) се дел од промотивната кампања на тековното издание на “Рок Фест 2009”, свирејќи низ градските улици, качени на отворен камион. Оваа веќе од поодамна воспоставена соработка со фестивалот “Рок Фест”, ќе трае и во наредните неколку години манифестирајќи се и на полето на издаваштво но и на концертен план како подршка од бендот за фестивалот. До наредните студиски материјали фановите ќе почекаат долги 4 години, се до појавата на Ритам И Блуд. Тој е снимен во периодот октомври-ноември 2009 во студиото “Кај Трајче” и објавен од страна на “Rock Fest” на CD формат, на почетокот на наредната година. Албумот продуциран од страна на Дарко Поповски-Блуз (Steel Temple) содржи 12 песни со саркастични сексуални алузии (како и на претходните изданија), но има и понекоја “сериозна”, посветена на секојдневието на скопскиот андерграунд-човек. Концертната промоција се случува на 23.04. во МКЦ, во рамките на ревијалната вечер на “Рок Фест 2010”. Некој месец по промоцијата, Максим Стиров ја напушта групата и се враќа во родната Москва. Еден од неговите последни концерти со бендот ќе биде на фестивалот “Дојди Веслај 4” (05-07.08.2010) во Струга. Од тој момент до денес групата настапува како трио, за првпат настапувајќи во таа формација на “Рудар Рок Фест 2008” (27.08.), во Пробиштип. Тотално Опуштање во 2011 повторно влегуваат во студиото “Кај Трајче” за да направат една интересна сесија, снимање на нивните омилени песни, подоцна поместени на албум со име Вака Треба Да Се. Овој албум кој е објавен (10.06.2012) на ЦД и во дигитална форма за српскиот музички портал Time Machine Music, се состои од 11 обработки на македонски групи (Конкорд, Last Expedition, Т.Б. Трачери, Океан Пацифик...) и по една од словенечките Buldozer, Ne Grizi Se Stara и рускиот состав Гражданска Оборона, Всјо Идет По Плану, која како гостин вокал ќе ја испее Елена Христова (Баклава). Со почетокот на есента, вообичаено за дотогашната практика на бендот, концертната агенда секогаш станувала позбиена па така на 15.09. ќе бидат гости (заедно со Верка и Victims Of Changes) на повратничкиот концерт на легендарниот битолски треш метал состав Orion, во скопскиот клуб Хавана. Официјалните промоции на новите материјали ќе ги стокмат дури во декември, на 01.12. во Битола (гости, Кактус и The Author) и на 23.12. во Скопје, во кафе бар Браво, местото каде е стационирана нивната најверна фан база. Сличен е и приемот кој го имаат во Битола, каде публиката ќе ги бара секоја наредна година. Тоа лето (25.07.) 2013, ќе настапат на “БитФест 2013”. Но со доаѓањето на есента, наместо вообичаениот концертен ангажман Тотално Опуштање повторно влегуваат во студиото “Кај Трајче”и го снимаат албумот А Во Слободно Време. Претпромоцијата (слушачка) на изданието ја имаат во нивниот втор дом, кафе бар Браво, на 15.12., славејќи ја со тоа и 20 годишнината од своето континуирано постоење а пред поголем аудиториум и со концерт ќе се покажат на 27.12. во бифето на Кино Фросина. Помеѓу овие два настапи групата ќе го има и својот прв и последен засега, настап во живо (22.12.) на Канал 103, во емисијата “Ако Никој Не Свири”. Мало затишје во нивната работа ќе има во наредните две години но и тогаш не апстинираат во потполност, на 29.11.2014 се појавуваат на славеничката вечер на “Мобил Филм Фестивал”, во бифето на Кино фросина, а наредната година фестивалски ќе се појават на “Алтернативно Скопје 2” (27.06.2015, МКЦ) и на неизоставниот предновогодишен концерт во кафе бар Браво (12.12.2015) заедно со Океан Пацифик и Лоши Деца. Со нов студиски материјал ќе се огласат во јули 2016, кога официјално се појавува нивниот седми албум, Јали Човек, Јали Мотор. Како и на претходните изданија, така и во овие 13 теми, Тотално Опуштање се исклучително енергични во изразот но и не помалку саркастични или остри во текстовите, сето тоа зачинето со енормна доза на љубов и секс. Во темата Дистракшн, повторно, како гост на гитара ќе се појави Киклоп. Интересниот cover дизајн е дело на Гоце Господиновски. Промоција на албумот ја организираат со концерт во живо, на 01.07., на Плажа во Градски Парк. Во 2017та бендот ќе влезе со својот прв настап на еден од традиционалните “Земјотрес” фестивали (04.02., Земјотрес 5) а во оваа тековна година (2017) на бина ќе се појават уште само еднаш (09.04.), искажувајќи ја својата хуманост со учеството на заедничкиот концерт (донација) од македонските underground бендови за скопскиот и македонски урбан херој, Небојша Додевски-Грицко. По 6 албуми зад себе, и најава за уште еден во 2018 (кога и ќе слават 25 години од постоењето), Тотално Опуштање влегуваат во редот на ретките македонски бендови кои за целото време од своето постоење бескомпромисно ја крепеле исконската идеја за рокенрол на овие простори.
Паралелно со мозочните и звучни креации во Тотално Опуштање, Мац, заедно со Влатко, се едни и од двигателите на супер групата Културно Уметнички Работници, од самите нејзини почетоци во 1999 година.
Марјан Китановски, самостојно, во 2015та ќе започне уште еден луциден проект, Swatovski.
Дискографија:
Компилации:

- Демоимбецил / касета – А страна / Дом на Млади-Штип, 1998
- Секс, мода и останатото / касета – Б страна / Дом на Млади-Штип, 1998
- ...И Ние Сме За Народ И Забав! / CD / самиздат, 2006
- Ритам И Блуд! / CD / Rok Fest, 2010
- Вака треба да се / CD / Time Machine Music, 2012
- А Во Слободно Време / CD / ODA Connexio, 2013
- Јали Човек, Јали Мотор / CD / самиздат, 2016
- Градождер / CD / самиздат, 2018
- Летечки Булодожер / CD / самиздат, 2022
Компилации:
- Поп Рок Фест ’96 / Тотално Опуштање / касета / Екран, 1996
- Преку Таквото / Примитивизмот Владее / CD / PAC Multimedia, 2001